Прилепчани: “Гимназијата набавила нафта за 333.233 евра и дрва за 23.000 евра?”

Разгледувајќи ги склучените набавки на Бирото за јавни набавки наидовме на интересен податок.

Имено, месецов гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп направила голема набавка на Екстра лесно масло за горење Е1 во вредност од 333.233 евра, или 20.493.814 денари.

Речиси истовремено ова училиште набавило и дабово огревно дрво во вредност од 1.437.000 денари, или 23.000 евра.

Повеќе информации за овие јавни набавки можете да погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.