Прилепчаните Беџоски и Димески освоија три награди на Државниот фестивал за непрофесионален филм

Авторскиот тандем Марјан Беџоски и Никола Димески повторно се закитија со три награди на 55-от Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија, кој се одржа во општина Босилово.

„Нашите филмови се базирани на автентични настани, првиот филм е насловен „Прилепчанецот што ја менуваше историјата – Али Фети“ и истиот е посветен на првиот пример на Турција, а вториот филм е насловен „Духот на францускиот војник“ исто така поврзан со вистинските настани од селото Беровци. Филмот за Али Фети доби две златни награди, а „Духот на францускиот војник“ една сребрена плакета“, истакнаа добитниците на наградите Марјан Беџоски и Никола Димески.

Беџоски и Димески со овие филмови ќе учествуваат на престижниот Меѓународен фестивал UNICA 2027.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.