Прилепчанец ја отвори душата на Фејсбук за промената на државното име – нешто што вреди да се прочита

(Фејсбук статус на Александар Мојсоски)

“Ве читам вака со коментариве од „економски аспект“ ќе добиеме, ние што сме со бизниси, дилпоми, кадри, курци палци ( а реално не зборувате ниту за 10% од тие кадри али ок ). Ако веќе имате толкави проблеми овдека, а еве сте високо квалификувани и барани, продадете го бе бизнисот.

Земи тоа кешарица што ќе ви понудат за вашите „успешни бизниси“, или успешни кариери, земете си опремнина, аплицирајте си во било која друга држава ( пошто сте високо квалитетен кадар, не ќе ви е проблем да ве примат ) и иселете се. Границите се отворени. Секогаш биле отворени. Пошто и онака кур ве заболе дали сте Македонци или не.

Не извртувам зборови, директно цитирам:

„100% сум за промена на името
Северна Република Македонија!
Влегуваме во ЕУ и сите што јадете гомна како идентитет и други глупости кој црн идентитет бе 2% не се замаравте за македонија сега најдовте да протестирате. МРШ! “

– Ако те бива, добиј работна понуда, исели се. Докажи се и покажи се, заработи. Веќе ако не те сака никоја од таму, земи си МАКЕДОНКА, повлечи ја со тебе. Ама, ако си голтар овдека, не ти менува ништо тој влез во ЕУ, пошто и таму и овдека си голтар.

„ Мene me interesira ekonomskiot prosperitet na drzavata vo idnina. Mene I na sekoj drug so dva reda skolo. Za iminja I nacionalizmi mozes so grupata pred kooperacija da si diskutiras. Da go kolnete zaev I da peete pesni za aleksandar. Daj use po edno. “

– Точно така. Економски просперитет. Што во оваа година и не знам веќе колку месеци ( реално ми изгледа како да е цела деценија ) од некаков економски просперитет, некаков закон, абе глас воопшто, вест било каква ништо. Едино само слушам поскапување, поскапување, уште поскапување. Слушам стагнации. Слушам неисплатени плати. Продавање фабрики. Затворање фабрики. Штрајкови. Слушам отпуштени луѓе, раскинати и не продолжени договори.

А во контраст слушам „ ПРАВА! ПРАВА! И УШТЕ ПРАВА! “. Права за Албанци ( не малцинства, за Албанци ). Слушам двојазичности. Слушам официјални откажувања на култура и историја. Слушам права за ЛГБТ и паради. Слушам „ ВЛЕГУВАМЕ ВО ЕУ И НАТО НА ПРОЛЕТ ! (ако не на пролет до есен сигурно ….ако не на есен в година 100 %…. абе ако не в година, на прав пат сме, кај да е ) “

За толку обвинувања према претходната влада ( што ПРВ сум што ќе речам, имаше бројни неправилности и нелогичности во нејзинити дејствувања и политики ), како дефокусирала со името а ништо не направила од економски аспект, а реално намали невработеност за 10% и постојано имаше раст во плати, пензии ( што не беше вртоглав раст, али беше константен и уште поважно ГО ИМАШЕ ) и стагнација а на моменти и намалување на цени, тогаш со исти критериуми ако мериме, што да речиме за оваа ?

А за тоа со школото. Па еве, ја изгледа седев подолго од тие два реда на школо, па до ваков заклучок дојдов. Ама изгледа требаше да прекинам на два, за да ти ја сфатам поентата.

„ Imas mnogu glup mentalen sklop. Probaj da go vidis svetot od moja perspektiva.
Namesto da go odberam najlesniot nacin I da kidnam nekade kako bugarin, jas sakam da vrabotam makedonski familii I da stvoram nesto tuka I toa sto go stvaram so denari da go prodavam za evra.
Taka rastele drzavite niz istorijata, ne so beganje vo avstralija I kanada.

No se razbira ako jas nemozam ni da go izvezam toa sto sum go stvoril zaradi nekoe glupavo ime I nekoj glupav spor, togas nalet ime u kurac.

Probaj da gi vidis rabotite od moja perspektiva, definitivno ke ti pomogne vo idnina da pridoneses povekje za svojata zaednica.“

– Глуп ментален склоп ти е реченицата „ ….гледај од моја перспектива, подобро се гледа ….ќе ти помогне во иднина да придонесеш за својата заедница “.

Која заедница? Помеѓу мене и тебе ? Таква заедница не постои бе. Не те сакам со мене во заедница. Заедница се гради на взаемна почит ПРЕД СЕ ! Кон мене очигледно ја немаш. Заедница се гради на взаемни цели. Очигледно ги немаме. А за економски аспект и просперитет, ако тоа ни е единствено заедничко, можам да земам едно црнче од 8 години од Боцвана па и со него таа цел ќе ни биде заедничка.

Еден Сомалијски пират, има „економска перспектива“ и сигурно е финансиски постабилен од поголемиот дел од Сомалија и има и пари и оружје да тероризира популација, ама пак е пират. Пак е гомно од трета класа, во очи на целиот свет, па дури и во очи на рибарот што го тероризира.

Мене ми е битно. Како што ми е битно во овие мои 26 години, што сум се родил како Македонец во Македонија, нешто што го барале и сакале и моите и нивните пред нив, така и мене ми е битно. Битно ми е што постеле овдека, со векови, со милениуми и опстанале. Како окупирана територија и како народ. Јас лично за својата фамилија што сум успеал да најдам, најрано до средина на 18ти век. Живееле на територијава, што се викала Македонија, живееле како Македонци, биле признати како Македонци ( не само од Османлиите/ Турците, туку од цел свет ).

Останале Македонци, останала Македонија. Територијата денешна, што е самостојна е само дел,ама ете од тоа СЕ ОТКАЖАВМЕ, за барем и тој мал дел да си е наш и слободен. Не се тоа бабини деветини што ви ги продаваат „ВМРОвците“ тоа се и факти што ги пишува низ секоја архива во светот. Низ секоја карта и учебник се до 1991. Тоа што вас пробуваат да ве убедат дека постоиме 30 години, или еве од 45та па наваму ( што е уште пожално и успеваат во истото ) тоа е сосем друг муабет.

А со вакви договори и ветувања „ сменете го името па ќе ве примиме во НАТО и ЕУ “ исти фори на тинејџерки им се продаваа „Срце дај испуши го, ти ветувам те сакам. Единствена си ми“. А еве 27ми роденден ќе правиме, се надевам не сме веќе тинејџерка.

Се најдобро, на реферндум не излегувам. Не чувствувам никаква потреба и обврска да одговорам на прашање што од почеток се знае дека не требало да биди прашано.

Поздрав, Македонец од Македонија”.