-На 15.11.2026 во 15:35 часот во ОВР Прилеп, М.Ј.(38) од Прилеп пријавил дека во близина на неговата викенд куќа во Прилеп на патот за Плетвар слушнал истрел од огнено оружје, по што забележал дека на хаубата на неговото возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки има закачен проектил од огнено оружје. Полициски службеници извриле увид и било констатирано дека се работи за проектил од ловечко оружје, кој бил подигнат за понатамошна постапка – информираат од СВР Битола.
























