Прилепчанецот продолжува да решети низ Италија: Нов погодок и нова мајсторија на Илија Несторовски (Видео)

Несторовски ја продолжува својата серија на голови во Серија Б. Прилепчанецот и синоќа ја погоди мрежата на ривалот и пак реализираше за 0-1 како и пред осум дена.

Овој пат на теренот на ланскиот прволигаш Беневенто, македонскиот напаѓач мајсторски реализираше со левата нога за 0-1 во 42. минута.

Овој гол е 12-ти на 22 натпревари за македонскиот напаѓач.

Погледнете ја најновата мајсторија на нашиот Иле:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.