Прилепски политичар доби огромен банер. Ветува топ живот, инвестиции и 34.000 денари просечна плата?

– За двеипол години направивме пресврт на подобро, вели Александар Ѓорѓиоски од СДСМ, кој е дел од листата на СДСМ за 4 ИЕ.

Тој тврди дека животот се подобрил и дека платите во сите сектори се зголемуваат.

“СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните. Минималната плата, која ние ја покачивме на 14.500 денари, до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари. Просечната плата во државата, до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите”, вели Ѓорѓиоски.

За волја на вистината, во голем дел овие ветувања се пресликуваат од оние кои ги имаа од 2016 година, но така се заслужува голем банер во центарот на градот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.