Прилепските џудисти од “Сеишин”, во одлично светло се претставија на 18-от Меѓународен турнир “Олимпија” во Софија (ФОТО)

На 11.11.2023 во Софија Бугарија се одржа 18-от Меѓународен Турнир во Џудо “ОЛИМПИЈА-2023” во организација на ЏК Олимпија – Софија.

На овој турнир настапија околу 400 џудисти од 7 Држави (Бугарија, Грција, Турција, Србија, Словачка, Романија и Македонија).

ЏК Сеишин-Прилеп настапи со 4 натпреварувачи и освои 2 Медали (1 сребрен и 1 бронзен).

Резултати поединечно:
1. Христијан Бунески 2 ро место
2. Владан Стрезовски 3 то место.

-Одлични и пожртвувани борби прикажаа Ване Ацески и Арсениј Димески, кои не успеаја да изборат место меѓу првите три, бидејќи ги загубија борбите за бронзени медали. Во една ваква силна конкуренција на вакви престижни меѓународни натпревари, тренерот Марио Тошески кој ја водеше екипата е задоволен од прикажаното – информираат од прилепскиот џудо клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.