Прилепските бранители одлични домаќини: Манастирот вриеше од народ, а се подигна на јарбол и сонцето од Кутлеш (Фото/Видео)

Здружението на граѓани “Прилепски бранители”, вчера беа домаќини на свеченоста на манастирот Св. Петка во село Мусинци – Општина Могила. Свеченоста се одржа по повод двегодишнината од осветувањето на манастирот, кој прерасна во светилиште што собира голем број верници за празниците.

Прилепските бранители се покажаа како одлични домаќини и направија веселба за паметење. Со македонска музика и знамиња со сонцето од Кутлеш, се играа ора и се славеше македонштината.

Манастирот во ова населено место беше осветен на 06.10.2017 година, кога во новоизградениот храм Вечерна богослужба одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Бранителите од Прилеп на вчерашната веселба на јарбол го подигнаа и знамето со шеснаесеткракото сонце:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.