Прилепскиот ракометар Христијан Јовески потпиша за германски клуб

Некогашниот ракометар на Прилеп, Работнички, како и на прволигашите Спартак и Риниа, Христијан Јовески, ќе го има првиот интернационален предизвик.

Тој по крајот на оваа сезона ќе се пресели во Германија, во нисколигашот Туспо Нирнберг.

Јовески ќе ја продолжи големата низа на македонските ракометари кои играат во ниските лиги во Германија.

Филип Лазаров, Петар Ангелов и Ацо Јоноски играат за Ратинген, Стевче Ангелковски е дел од Алфелд, а во Германија се и Мартин Гинов, Драган Алексовски, Бобан Попов, Александар Марков, како и Савица Мркиќ, Зорица Михајлова, Белма Беба, Сара Николовска…

Извор: “24.rakomet.mk”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.