Прилепска текстилна компанија затворена поради заболено лице од коронавирус

Директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска, на денешната прес конференција рече дека денеска во Прилеп има два нови случаја на заболени од коронавирус, со што нивниот број се искачи на 12.

„Имаме уште два потврдени случаи позитивни на COVID-19, што значи дека вкупната бројка се искачи на 12. Станува збор за маж и жена, на возраст од 61 и 64 години. Во моментов чекаме извештај за уште 5 брисови, за кои немаме никаква информација, а секојдневно во Институтот за јавно здравје во Скопје се пуштаат помеѓу 10 и 20 брисови“, истакна Николоска.

Николоска ја потврди информацијата дека по однос на вчерашниот случај, кога беше потврдено уште едно новозаболено лице, станува збор за жена на возраст од 59 години, вработена во фабрика за текстилна конфекција од
Прилеп. Од истиот момент фабриката е затворена и сите вработени се ставени во домашна изолација.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.