Пренесовме насмевка и љубов, портал Маркукуле и цвеќарница Мартина ви посакуваат СРЕЌЕН 8ми МАРТ

« на 20 »

8ми март е денот кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност. На овој ден треба да се поклонеме на нејзиното височество жената, да се потрудиме да изнудиме насмевка, да изненадиме и со многу љубов да им ја доловиме целата почит на овој свет, која ја заслужуваат.

Маркукуле.мк се обиде да го стори токму тоа. Направивме мала обиколка низ центарот на Прилеп и позитивно изненадивме случајни минувачки на понежниот пол.

Нашата иницијатива ја поддржа Цвеќарница Мартина, од каде несебично не снабдија со свежи цвеќиња. Цвеќарницата се наоѓа во старата чаршија и е една од најснабдените и најуредените цвеќарници во Прилеп. Нивната креативност е бесконечна, а ремек делата кои ги прават за свечености и прослави, ќе ги красат вашите фотографии и спомени засекогаш.

Секој ден од годината треба да биде посебен за женското срце. 8ми март е само денот кој треба да не потсети на тоа. Денешното внимание прелејте го и во останатите денови, правете се за љубовта и радоста на вашите баби, мајки, девојки, сопруги….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.