Премиера на филмот “Дедо и внук” во Кино “Мис Стон” во Прилеп (ВИДЕО)

Во петок, 27.12.2019 со почеток од 19:00 часот, премиера на филмот “Дедо и внук” во Киното “Мис Стон” во Прилеп.

Гледајте го најновиот филм „Дедо и внук“, емотивната приказна со длабока порака

Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.

Pепрзиза e закажана на 28.12 (сабота) со почеток од 19:00 часот, а влезниците можат да се купат по цена од 100 денари во среда и четврток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот на билетарницата од Центарот за култура “Марко Цепенков”, како и петок од 10 до 12 часот.

Билети ќе има и на билетарницата во киното “Мис Стон” во петок од 17 до 19 часот, како и сабота од 17 до 19 часот.

Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери….


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.