Пред интервјуто со Путин, Такер Карлсон се сретнал со еден од најголемите непријатели на Вашингтон?

Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и Тара Рид, која го обвинува актуелниот американски претседател Џо Бајден за вознемируавање.

Информацијата ја објави порталот Семафор, кој неофицијално наведува дека Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а интервјуто со Тара Рид го снимил.

Во јуни 2013 година, Сноуден предизвика голем меѓународен скандал објавувајќи до Вашингтон пост и Гардијан серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија. После тоа, тој одлетал во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство.

Рид, која му служеше како помошник на Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува поранешниот шеф за сексуално вознемирување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.