Предизборни вработувања во Прилеп: Аплицирајте!

Врз основа на член 21 став 3, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018и 198/2018 година), а во врска со член 22, став 1, алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 година), Државниот просветен инспекторат објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 5 (пет) лица во Државен просветен инспекторат на определено време до крајот на тековната фискална 2020 година

Државен просветен инспекторат објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на определено време на следниве позиции:

1. Возач, Скопје во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

2. Советник за поддршка и меѓународна соработка во инспекторатот во Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

3. Советник за за управување со човечки ресурси во Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за стручно-административни работи – 1 извршител;

4. Советник за анализа на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во вардарски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 извршител;

5. Помлад соработник за унапредување на квалитетот во образованието во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во пелагониски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 извршител.

Потребните услови за аплицирање погледнете ги ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.