Босанската пратеничка Сања Вулиќ стана хит на социјалните мрежи после скандалозно однесување пред новинарите
На новинарско прашање дали смета дека ја заслужува својата пратеничка плата која е инаку висока, таа даде изненадувачки одговор.
“Јас ја одбирав својата работа, јас не сум ви крива што вие сте новинари и што вие можеби сте незадоволни со вашата плата. Јас одбрав да бидам пратеник, законот дефинирал толкава плата. Јас да сакав помала плата би се занимавала со нешто друго. Новинарстово е одлично, јас тоа го сакам, тоа е моја несудена љубов. Можеби кога ќе излезам од овие води ќе се занимавам со новинарство, и тоа истражувачко”, вели Вулиќ.