ППК “Младост 96” со целосна доминација на Државното првенство за играчи до 21 година: Костоски и Рикалоски ги собраа сите медали (Фото)

Во Прилеп кој оваа сезона е центар на повеќето пинг понгарски случувања, со учество на оклу четириесет натпреварувачи, се одржа третото Државно првенство за играчи до 21 година.

Во конкуренција на сениори у21 Државното првенство не донесе некои неочекувани резултати, во финалето повторно се сретнаа клубските играчи на ППК Младост96 Петар Костовски и Александар Рикалоски.

Полуфиналината беа интересни и неизвесни до самиот крај. Филип Костадиновски-ППК УГД-Штип, и покрај водството од 3:0 во сетови, не успеа да го совлада вицешампионот Рикалоски, кој на крајот славеше со 4:3.

И другото полуфиналие заврши со ист резултат, каде Дамјан Стојчев немаше сили за изненадување да го совлада шампионот Костовски.

Костовски во финалето го победи својот соиграч Рикаловски со 4:0.

Костовски на Државното првенство освои три златни медали, победувајќи во сите категории во кои се натпреваруваше.

Од друга страна Рикалоски исто така имаше три финалина од кои освои едно злато и два сребрени медали.

Костовски заедно со Рикалоски во игра на двојки станаа шампиони, победуваќи ги во финалето браќата Стојчеви од ППК Шампиони ФА со 3-0 во сетови.

Во мешани двојки пак, Костовски и И.Димитриевска, беа подобри од Рикалоски и А.Стојановска со резултат 3-1.

Ова беше Државно првенство во кое ППК Младот96 беше најуспешна екипа со освоени 6 медали.

Турнирските случувања на пинг понгарската сцена ќе бидат во мирување до 4 Мај, кога во Прилеп ќе се одржи Државното првенство во пионерска конкуренција. Со тоа завршува турнирската сезона со ТОП турнирите во сите конкуренции.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.