По трет пат светски шампион, а сам тренира и се финансира: Ова е македонскиот херој Евгениј Поп Ацев

Евгениј Поп Ацев по третпат во својата кариера стана победник на светската серија на ултрамаратони. Најдобриот наш пливач дојде до ова големо признание по 2015 и 2017 година.

„Дечково (Евгениј н.з) е трипати победник на светската серија на ултрамаратони (2015, 2017 и 2019 година). Успех, недоволно вреден да се спомене на ниедна национална ТВ. Успех непрепознаен од ниедна фирма, успех недоволен за да има барем некаква помош од државата. Државата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не осетил и не видел, не знае колку пот и одрекувања е тоа. Е, овој дечко, сам си плаќа каде и да оди за да не претставува, а нема ниту еден ден работен стаж, ниту здравствено, ниту пензиско осигурување. Зошто? Затоа што решил да плива за Македонија. И како што го дал Господ, го прави тоа без никаква помпа, одбивајќи понуди да плива за друга држава. Искрено, ти се восхистувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе многу малку… е, ти си еден од нив. Честитки, голем човеку“, сподели братот Дарко на социјалните мрежи.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.