По којзнае кој пат кубански илeгaлци фатени во битолско: Цела Куба во Македонија

На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на с.Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Претходните вакви случаи со илегалци од оваа островска држава беа забележани на 10.10.2019 кога во Полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М(39) и З.Л.Ф(19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с.Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница.

А претпоследниот случај беше на 13.10.2019, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.