Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече ждрепката за баражот за место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и познати се паровите кои ќе разигруваат за местата.
Победа мина најтешко на ждрепката затоа што го извлече амбициозниот ГФК Куманово. Во вториот пар ќе се сретнат Вардарски од Богданци и Кораб, додека во третиот дуел на мегдан одат Велазерими и Борец од Велес.
Натпреварите од баражот за ВМФЛ се играат следниот викенд. За терминот и локацијата на одигрување на баражот јавноста ќе биде известена додатно.
Во последното коло од Втората лига, Победа беше поразена на домашен терен од БЕСА со 1:5. За несреќа на прилепчани, Осогово победи со 3:0 над Пелистер, а Каменица САСА триумфираше над Вардар Неготино.