Потпретседателката на ЛДП pacпyка по надлежните за xaвapиjaта

Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајков, жестоко реагираше на Фејсбук за синоќешната xaвapиja во ОХИС.

“Да се прикрива ваква xaваpија односно истата да се чека да ја пријават околните жители повлекува обврска за утврдување на одговорност на оние кои се обиделе да прикријат или не пријавиле навремено. Секоја фирма има протокол за постапување во случај на хаварија, зашто истиот во овој случај не е испочитуван?

Дали од страна на надлежните е утврдено колкав е размерот на хаваријата и колкав е размерот на опасност по здравјето на луѓето? Односно кои последици истата може да ги предизвика по здравјето на луѓето. Доколку е утврдено јавно да не информираат за истото.

Недозволиво е повеќе играње криенки и непонесување одоворност на сметка на здравјето на луѓето.

Минимум што заслужуваме е почитување на нашите права на здрава животна средина и заштита на здравјето”, напиша Зајков.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.