Обилни врнежи предизвикаа сериозни проблеми за граѓаните и властите во Црна Гора. Од своите корита се излеаја повеќе реки, а поплавени се повеќе домови и деловни објекти. Најкритично е во Никшиќ и Горно Поле, кадешто сообраќајот речиси целосно е блокиран. Спасувачките екипи се на теренот и постојано интервенираат.
Невремето предизвикало големи проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини и сообраќајници, пренесува РТЦГ.
Поморскиот сообраќај е отежнат, а два крузера веќе се откажаа од влез во пристаништето во Бока-которскиот залив.