“Послушниците на градоначалникот и Миле Талевски ocoмничени за тешки kpиминали?” (Видео)

Граѓаните деновиве се сведоци дека на површина испливуваат сите сомнежи за сторен криминал и корупција, за кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше и известуваше во текот на изминатите 3 години власт на СДСМ на локално и централно ниво.
Цела редица директори послушници на Зоран Заев, Миле Талевски и Илија Јованоски заработија кривични пријави од МВР, па по се изгледа обвинителството и правосудните органи ќе имаат полни раце работа со кадрите и функционерите од СДСМ – истакна на денешната прес конференција Александар Алексовски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Листата ја продолжи директорот на Завод и Музеј, Благоја Атанасоски, кого МВР го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Aтанасоски, според пријавата на МВР, се сомничи дека деловите од оригиналната скулптура на споменикот “Жртви на фашизмот” во Дабница ја дал на реверс во леарница во Скопје и истата досега не е вратена, иако е под заштита на институцијата со која раководи.

Споменикот кој минатата година го поставија кај Дабница со градоначалникот Јованоски е копија, а деловите од оригиналната бронзена статуа никогаш не биле вратени назад од леарницата.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати пред граѓаните информираше дека позади поставувањето на споменикот се крие нешто матно.

Па, така пред статуата да биде предадена во леарница претходеше тендер на општина Прилеп за реставрација и заварување на оригиналната статуа и изработка на нејзина копија

Но, откако никој не се пријави на тендерот, градоначалникот го поништи, а Атанасоски деловите од статуата ги дал во леарницата во Скопје.

Интересно е и тоа што тендерот кој го распиша општината траеше до 5-ти ноември, а споменикот беше поставен на 3-ти ноември или Денот на ослободувањето на Прилеп, па уште тогаш јавноста знаеше дека Јованоски и Атанасоски нешто кријат.

Се чини дека директорот на Завод и музеј брзајќи да му удоволи на Јованоски го извлече подебелиот крај.

ВМРО-ДПМНЕ бара основното јавно обвинителство во Прилеп инто да реагира во сите случаи каде постои сомнеж за сторен криминал и секој кој се огрешил пред законите да одговара.

Почитувани сограѓани,

Без разлика дали се работи за проневера на милионски парични суми или за несовесно управување со културното и уметничко наследство како во овој случај, ќе следува одговорност.

После 15-ти јули секој, ама баш секој кој ќе се огреши пред законите ќе одговара.

Обновата на Македонија ќе донесе правда и правичност во целата држава”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.