После 22 години повторно во Египет: Ова е првиот погодок на Кире Лазаров за Македонија на СП во 1999 година (Видео)

Кирил Лазаров пред 22 години го постигна првиот гол за репрезентацијата на Македонија, токму на Светското првенство во Египет во 1999 година.

Тогаш како тинејџер, на 19 години, Лазаров најави дека пред него е блескава кариера. На првенството постигна 10 погодоци, од кои 8 му даде на домаќинот.

Дел од тогашната македонска репрезентација беше и Данило Брестовац, актуелниот селектор.

Ова е првиот погодок на нашиот Кире, со коментар на легендата Златко Калински.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.