“Поминаа 15 дена, а Еурокомпозитци пак излажани? Битно пари за нови вработувања на други места, има?” (Видео)

Работниците, кои заминаа како технолошки вишок од загубарот „Еурокомпозит“, на денешниот протест, обвинија дека Владата продолжува да си игра со нив и дека станувало се’ поочигледно оти власта немала намера да го реши нивниот децениски и веќе агоничен проблем.

Тие, особено се лути и гневни на градоначалникот и на прилепските пратеници, и од власта, и од опозицијата, кои, досега не покажале никаков интерес за решавање на нивната мака.

Од денешниот протест тие упатија и апел до нив за конечно да се заземеле и проблемот наречен „Еуркомпозит“ да биде решен по примерот на лозарите. Сметаат дека власта била крајно арогантна и дека делувала како расштиман оркестар.

Се закануваат дека пак ќе одат пред Владата и дека овој пат нема да заминат оттаму се додека проблемот конечно не им биде решен.

Од „Еурокомпозит“ како технолошки вишок заминаа вкупно 154 луѓе, на два наврати. Според Договорот, ним треба да им биде исплатена отпремнина во висина од околу 100.000 денари, по работник.

Меѓутоа, досега, првите 134 работника имаат земено само по 30.000 денари, а додека останатите 20, кои беа дел од втората група, зеле само по 5.000 денари. Тие имаат побарувања и по основ на неисплатени придонеси за период од безмалку 7 години.

На последната средба во Прилеп со вице-премиерот Анѓушев и со премиерот Заев, им беше понудено да им бидат исплатени само 20 насто од заостанатите придонеси, што беше категорично одбиено од нивна страна, бидејќи како што велат и самите, нивната просечна старост е 60 години и целосното исплаќање на продонесите им е насушна потреба за да можат го остварат правото на попристојна пензија.

Eве што беше кажано на последната средба во Општина Прилеп:

Анѓушев: Најдено е решение за „Еурокомпозит“


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.