Половина мај помина, а надлежните се плашат да не фати мраз: Фонтаната во центарот на Прилеп ја натопува само дождот (ФОТО)

Помина половина од мај, а најсјајната и импресивната градска фонтана во центарот ни остана сува. Жеден е за вода овој урбан декор.

Полуотворената заштитна цирада уште не е отстранета. Иако фонтаната им е под пенџере на надлежните, тие не се охрабруваат да најдат ,,сили и марифет,, да го активираат танцот на водата низ млазевите дење. Ниту ноќната авантура на колоритите на фонтаната не блеска.

И останатите фонтани се суви или полни со ѓубре. Не функционираат. ниту Карпалак, ниту пред Стопанската банка, а козјнае што се случува со фонтана на Паркот на револуцијата.

Дали можеби и овие водоскоци ке завршат како онаа на делот од улицата ,,Димо Наредникот,, и ќе бидат пополнети со земја, а во нив ќе се засади цвеќе. Можеби е подобро да бидат жардињери со цвеќе, отколку контејнери за отпад.

Извор: “Неделник Зенит”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.