Познато уште едно име кое ќе настапи на “Пивофест 2019”

Mузичката група “Тhe Hounds” на својата фан страна на Фејсбук објави дека ќе настапи на годинешното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”.

Според објавата, прилепската поп-рок група ќе настапи на третата фестивалска вечер на 20.07.

Претходно како што дознавме се очекува на овој “Пивофест” да настапи и балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Доколку информациите се точни, ова ќе биде втор настап на Цеца на фестивалската сцена во Прилеп, каде својот прв настап го имаше пред точно 9 години.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.