Постојат места каде што се создаваат спомени кои долго се раскажуваат. Места на кои се слават најубавите семејни моменти, се собираат пријателите и се споделуваат незаборавни вечери. Едно такво место е Ресторан Централ во Прилеп, кој покрај препознатливите свадбени и семејни свечености, сега подготвува и богата програма за предновогодишните прослави!
Сместен на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во правец кон Затворот Прилеп, на само стотина метри од левата страна, Ресторан Централ располага со раскошен и прекрасно уреден простор, кој остава впечаток уште при првата посета. Елегантниот амбиент, пространоста и внимателно уредениот ентериер го прават одличен избор за сите кои сакаат празничната прослава да ја поминат во пријатна и посебна атмосфера.
А повод за славење има многу! Без разлика дали станува збор за вработени во компании, институции, деловни колективи или, пак, за друштво, семејство и пријатели кои сакаат заедно да ја испратат годината, Централ има подготвена понуда за различни поводи и вкусови.
Празничната музичка програма носи познати имиња и вечери исполнети со добра забава:
Предновогодишна програма:
05.12 – Модерато бенд
11.12 – Марифет
12.12 – Алтернатор
22.12 – Модус бенд
24.12 – Конект бенд
25.12 – Алтернатор
27.12 – Марифет
29.12 – Модус бенд
30.12 – Наум Петрески
Но, добрата прослава не е целосна без богата трпеза! За гостите се подготвени две менија – мрсно и посно, со разновиден избор на салати, предјадења и главни јадења.
Мрсно мени:
На почетокот гостите ги очекуваат витаминска салата со зелка, морков, цвекло, марулка и семки од тиква, како и Central Mix салата. За предјадење се вклучени кулен, прсти, похован кашкавал, зденка, моцарела стапчиња, биено сирење со сланина, врат и печеница. За главно јадење се служат ротовано ребро и пилешки стек со крем сос од бадеми.
Посно мени:
Посната варијанта вклучува витаминска и Central Mix салата, а за предјадење се подготвени црн домат, похована тиквина, печурки, туна салата и поховани маслинки. Главното јадење е пастрмка со компир со сенф, a богат е и изборот на пијалоци!
Во понудата се вклучени коњак, узо, џин, вотка, ракија Кумова, Златен Даб и Златен Даб Амбер, како и вината на Тиквеш – бела Александрија, розе класик и црвена Александрија. На располагање се и густи и газирани сокови.
Сето ова по цена од 1.750 денари по лице!
Доколку барате место каде што ќе ја организирате вашата предновогодишна прослава, во раскошен амбиент, со богата трпеза и музика за паметење, Ресторан Централ е адресата што треба да ја имате предвид.
Резервации на: 075 981 093
Оваа година испратете ја во добро друштво, со убава музика, вкусна храна и моменти кои ќе се паметат!






























