Позитив на денот: Крушевчанец со големо срце донираше за најмалите во детската градинка “Гонча Туфа”

Нема ништо подобро од човечката особина да подарува и споделува, особено кога тоа се прави со чисто срце и со желба.

Крушевчанецот Борче Кироски и сопственикот на компанијата Ормар Транс од Скопје донираа клупи и столчиња за детската градинка “Гонча Туфа” од Крушево.

Секоја донација во овие институции е добредојдена, а ова е одличен начин за мотивирање на сите сопственици на компании да го сторат истото, се со цел најмалите да имаат најдобри услови во градинките.