Победа со повеќе од петарда се врати од Кочани: Резултат кој е вистински срам за навивачите

Вчера попладнето на Градскиот стадион ,,Никола Мантов,, во Кочани во пријателски натпревар на второлигашите домашниот состав на Осогово ја декласираше Победа со 6-0, полувреме 4-0.

Високиот пораз и прикажаното од прилепскиот состав (кој настапи без искусните Гешоски и Дамески, и повредениот Митрески, а со две комбинирани-различни екипи во двете полувремиња), се доволни индикатори дека со моментниот играчки состав на прилепскиот второлигаш црно може да му се пишува во новата сезона.

Сомнежите се потврдија и се покажа дека за подигање на квалитетот на играчкиот ростер и зголемување на амбициите во претстојната сезона неминовно ЌЕ МОРА да се ангажираат барем неколку поискусни и поквалитетни фудбалери.

Со млад и недоволно искусен состав со лимитиран квалитет очигледно е дека Победа ќе биде во ризичната зона и во борба за опстанок во Втората лига-Исток.

Поразот како и секој друг боли, но денешниот колку и да е висок треба да претставување своевидно отрезнување за сите во клубот, од Стручен штаб до фудбалери и клупско раководство, дека засилувања мора да се ангажираат, а постојните млади играчи од денешниот пораз да извлечат поука, да ја анализираат својата игра и учинок на теренот и да сфатат дека можат да напредуваат само со континуирана макотрпна работа.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.