Пендаровски: Прашање е дали може да го спроведеме Законот за јазици

Mислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата, изјави во синоќешното гостување на ТВ 24 претседателот Стебво Пендаровски.

„Венецијанската комисија не проверува даи овој закон одговара со македонскиот устав, туку со европските практики. Од таму велат дека тој е дури над европските стандарди, што е за пофалба. Прашањето е дели ние имаме ресурси да го имплементираме на сите нивоа. Судење во разумен рок нема да има ако се бара превод секаде. Тоа ќе создаде практичен проблем во спроведливоста. Од таму велат „Многу права, скрати ги“, рече Пендаровски, одговарајќи на едно од прашањата од публиката во синоќешното гостување во емисијата „24 Отворено“.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.