Пачешкоски “гази” на терен: Подрачната единица Прилеп активно и посветено се залага за создавање успешни и конкурентни земјоделци

Раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, Зоран Пачешкоски, високо котираше на анкетата за потенцијални кандидати за пратеници од Прилеп, која пред извесно време ја спроведовме преку нашиот портал. Според реакциите и коментарите кои ги добивме тогаш, Пачешкоски беше препознат како една од светлите точки на владеачката гарнитура во Прилеп.

Екипата на Здружението “Современо земјоделство”, беа во посета на подрачната единица на Министерството во Прилеп. Во тек е откупот на тутун, повик за закуп на државно земјиште, Ипард, па поразговараа околу сите актуелни теми, во интерес на земјоделците.

Интервјуто во продолжение е преземено со дозвола на Зоран Пачешкоски!

Б.П.: Повеќе од две години, сте раководител во МЗШВ ПЕ Прилеп. Како се пронаоѓате себе си во оваа професија?

Зоран Пачешкоски: Да, повеќе од две години, односно две години и половина, сум меѓу земјоделците и на страната на земјоделците. Позицијата на која сум, всушност е со секојдневна потреба за постојани состаноци со земјоделци, теренски посети и совети. Воопшто не ми се далечни состојбите во земјоделското производство особено што потекнувам од овој крај. Имам контакти со земјоделски производители, често разговараме со нив за состојбата во која се наоѓаат и за мерките кои треба да се превземат од страна на Владата, за постојано подобрување на статусот на земјоделците. Силно сум посветен да помогнам кај секој еден поединечно, со крајна цел: да имаме успешни и конкурентни земјоделци во прилепскиот регион.

Б.П.: Какви услови затекнавте и кои промени ги направивте за подобрување на капацитетите на ПЕ Прилеп?

Зоран Пачешкоски: Она за кое се стремам како Раководител е сите земјоделци да бидат примени и услужени од вработените во подрачната единица. Ние сме најголемата подрачна единица во државата, со над 15.000 евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Не е лесно да се води оваа функција, но затоа е голем предизвик, ние да ги направиме позитивните и потребните промени за пристојна професија и пристоен живот, нешто што земјоделците една деценија го немаа.

Б.П.: Колку земјоделците од овој регион се пријавуваат на активните повици од МЗШВ? Во моментов има активен повик за закуп на државно земјоделско земјиште…

Зоран Пачешкоски: Интересно е да се спомене дека на минатиот повик за закуп на државно земјиште, од вкупно 300 договори на државно ниво, 50 беа во Прилеп. На повикот кој завршува на 22 јануари, очекуваме ПЕ Прилеп да има над 300 апликации за закуп на државно земјоделско земјиште. Во моментов ПЕ Прилеп има над 1000 активни договори за закуп на државно земјоделско земјиште, што повторно не прави лидери во земјоделството.

Целото интервју прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.