Собирањето на потписи за кандидатите за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, го блокираше сообраќајот во централното градско подрачје во Прилеп денеска.
И додека партиските членови и симпатизери чекаа во редици да стават потпис за имињата на Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, граѓани реагираа на социјалните мрежи, а најмногу поради тоа што и двете партии имаат доволен број пратеници во Собранието за да ги предложат своите кандидати, па собирањето на потписи е само покажување на “мускули”.