Паркинг ќе си плаќаат и советниците, директорите и сите претходно повластени од ЈП за ПУП

Сите досега повластени лица, советници, директори, функционери… кои во минатото се служеле со разни привилегии и не плаќале, отсега ќе мораат да плаќаат за паркинг место во Прилеп.

Неофицијално дознаваме дека поголем број лица користеле разни пропусници доделени без одлука на Советот и паркирале бесплатно низ Прилеп.

Со новото раководство во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, ова ќе стане минато.

Засега останува непознато за колкава сума на пари е оштетен буџетот на јавното претпријатие во изминатите 4 години од неплаќачите на паркинг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.