ПАПАТА ФРАЊО: Само Путин може да ги заштити христијаните

papata

Папата Фрањо смета дека рускиот претседател Владимир Путин е единствената личност која моментално може да го заштити христијанството ширум светот пишуваат француските медиуми.

Папата сака да го замоли рускиот претседател за помош, наведува весникот, коментирајќи ја неодамна реализираната средба на папата со рускиот патријарх Кирил.

Според францускиот весник, папата смета дека треба да се поддржи Русија во спасувањето на христијанството во сите региони каде што истото е загрозено.
Папата се надева дека ќе воспостави и контакт со официјален Пекинг, па да се воспостават дипломатски односи на релација Ватикан-Кина.
Неговиот план е со сирискиот претседател Башар Ал Асад, со иранскиот лидер Руханиј и со кинеската влада да работи во помагање на христијаните во оние места каде што се загрозени.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.