Откако вчера министерот за внатрешни работи Нухиу ги потпиша актите за двојазични униформи на полицијата, на социјалните мрежи се споделуваат статуси на актуелни и поранешни политичари и пратеници на власта, кои тврдеа дека тоа нема да се случи.
Еден таков статус е и овој на екс пратеникот Павле Богоевски.
“Нема присилно учење јазик, казни за незнаење албански. Нема двојазични банкноти, двојазични униформи. Нема промена на Устав”, напиша во 2017 година Богоевски на Твитер.
Нема присилно учење јазик, казни за незнаење албански. Нема двојазични банкноти, двојазични униформи. Нема промена на Устав! #ЌеОдговарате
— Pavle Bogoevski (@PavleBogoevski) March 10, 2017