Откако посадија мала шума кај Селце и ги исчистија Маркови Кули, прилепчани продолжуваат со трета акција викендов: Секој е добредојден! (Видео)

Кога се сака родниот крај и чистата животна средина, може да се здружат силите и да се дејствува. Тоа го покажаа група ентузијасти од Прилеп, кои изминатите месец дена организираа две успешни акции за чистење на Марковите Кули и просторот околу манастирот Св. Димитрија кај село Селце.

Во втората акција кај манастирот Св. Димитрија беа посадени и 150 дрвца, кои ќе помогнат во возобновувањето на шумата која изгоре пред 2 години.

Иницијативата за чиста и здрава еколошка средина ја започна Виктор Петроски, а веднаш беше поддржана од повеќе организации и млади луѓе.

На иницијативата се придружија Извиднички одред Феникс – Прилеп, Фитнес студиото Lady Fit, Земјоделко, Витаминка, Јога студиото Самади, Ротари Прилеп, актерот Игор Трпчески, проф. Димитар Николоски и од политичката партија Левица.

Следната цел е излетничката локација вештачко езеро Прилеп. Повикот за масовно учество во акцијата е упатен од иницијативата Еко свест Прилеп, до сите кои што си го сакаат родниот град, поединци, здруженија, партии за што поуспешна еколошка акција, во недела на 25-ти април во периодот од 10 часот.

„Ајде да ја покажеме нашата свесност, доволно е филозофирање, ни треба акција. Заедничка Акција на сите заедно! Поканете ги сите свои пријатели и ајде да покажиме дека на сите ни е важен Прилеп. Неколку часа сите заедно да се собериме со ИСТА НАМЕРА – ДА СИ ГО ИСЧИСТИМЕ ПРИЛЕП.Многу јасно се виде дека со овие настани колективната свест расте! Ајде ова нека ни стани навика еднаш на две – три недели. Факт е дека само ни треба повторување и резултати ќе има неизоставно! СЕ АКТИВИРАМ, НЕ ФИЛОЗОФИРАМ,“ стои во повикот упатен до прилепчани.

Во продолжение погледнете како се одвиваше акцијата кај Селце:

Повеќе за иницијативата погледнете ТУКА








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.