“Откако ги качија даноците и ja поскапија водата,”секуларните” од Општина Прилеп во црква со бакалите?”

Градоначалникот Илија Јованоски и претставници на Советот на Општина Прилеп, денеска присуствуваа на божествена литургијата во црквата „Св. Благовештение“, каде се одбележа празникот „Свети три светители“, којшто е познат како патрон празник на бакалскиот еснаф во општината.

Јованоски, на кој кога му одговара е секуларен, а кога му одговара заборава на секуларноста, за разлика од минатата година кога не се појави на одбележувањето на празникот, оваа година ги удостои бакалите.

Празниците и обичаите на сите верски заедници во Прилеп со години наназат се одбележувале со првите луѓе од локалната власт, што е традиција која ги обединува различностите и го гради соживотот.

Меѓутоа, со доаѓањето на Јованоски на позицијата градоначалник, работите се променија.

Прилепчани паметат дека градоначалникот две години со ред не ги прими коледарчињата за Бадник, a се појавува на одбележувањето на верски празници само кога нему му одговара.

Инаку празникот Св. Три светители во Прилеп се празнува уште од 1954 година, од кога постои и Здружението на бакали, кое претставува еден од најголемите еснафи во нашиот град.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.