Претставници на НВО, ученици од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, велосипедисти, бербери, тутунари, навивачите од навивачката група „Мајмуни“, денеска беа само дел од присутните гости кои ја посетија општина Прилеп по 22 пат и зачекорија по црвениот тепих.
Започнувајќи од холот на Општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општо-правни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, Шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект, најмногу по барање на граѓаните.