Отворена изложбата на ЦСЛУ: Пред публиката се дела од уметници од земјава и странство

Синоќа, во изложбениот салон на Центарот беше отворена изложбата на дела создадени на ликовните манифестации на ЦСЛУ во 2018 година. Пред љубителите на ликовната уметност се 20 слики и две скулптури создадени од уметници од земјата и од странство.

Изложбата ја отвори Горан Ристески од ЦСЛУ кој посочи дека од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес ЦСЛУ има континуирано ликовно творештво.

– Низ текот на годините творештвото успешно го негувавме и промовиравме преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот – рече Ристески.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.