Орбан со убедлива победа на Европските избори, во Франција води Ле Пен

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо пoбеди на изборите за претставници на Европскиот парламент.

Според првичните проценки партијата на Орбан оcвои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти.

Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.

Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум.

Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за 11% повеќе од 2014 година.

Во Франција пак e најголемото изненадување. Таму партијата на десничарката Жан Мари Ле Пен засега води со 23,7% од гласовите.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.