Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

IMG_2779

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, општина Прилеп денеска по 17-ти пат ги отвори вратите за граѓаните. Основци, средношколци, извидници, пензионери, ракометари и заинтересирани граѓани денеска зачекорија на црвениот тепих и беа дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“.
Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерскиот систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општина. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.

« 1 на 2 »

Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.