На веб страната на Македонска берза и официјално се објавени биографиите на предлог членовите за Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп.
Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталоска и Александар Кузманоски се луѓето кои ќе седнат во директорските фотељи, а од нив еден ќе биде и Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.
Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103
Интересно е и тоа што меѓу овие имиња се најде и поранешен функционер од општина Долнени. Станува збор за Сашко Велјаноски, поранешен директор на Јавното комунално претпријатие во Долнени, кој потекнува од населеното место Ропотово.
Добро е што од оваа помалку секогаш заборавена општина, произлезе кадар кој ќе извршува високоодговорна функција. Во биографијата на Велајноски стои следното: