Од 15 ноември задолжителна зимска опрема: Казна од 45 евра за несовесните возачи

Од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2027 година. Несовесните возачи кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ќе се соочат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.

За патничките возила со најголема дозволена маса до 3.500 килограми предвидени се две можности за исполнување на обврската

Првата е користење зимски пневматици на сите четири тркала, со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри.

Втората можност е возење со летни пневматици, исто така со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, но во тој случај возачите задолжително мора да поседуваат синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.

Тоа значи дека зимските гуми не се единствен услов за исполнување на законската обврска, но возачите што користат летни мора да ги имаат и пропишаните синџири за снег.

Надлежните потсетуваат дека зимската опрема не е важна само за избегнување казни, туку пред сè за безбедноста на патиштата, особено во услови на ниски температури, дожд и снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.