Од утре до средина на следната седмица под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, локално пообилно.
Според УХМР, вкупно се очекува на повеќе места да наврнат над 20 л/м2 особено во недела.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.
Во Скопје, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне.

























