Младите прилепчани уште еднаш покажуваат дека имаат идеи, знаење и визија со кои можат да придонесат за подобра иднина! Тимот BioPrint, составен од ученици од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп, се пласираше меѓу ТОП 14 бизнис-идеи на натпреварот „Средношколски милионер“!
Она што ја прави нивната идеја посебна е нејзината еколошка насоченост. Имено, BioPrint предлага производство на еколошко мастило за печатачи, кое ќе се изработува од рециклирана саѓа и природни состојки. На овој начин, младите иноватори сакаат да дадат свој придонес во заштитата на животната средина, намалувањето на отпадот и создавањето поодржливи производи.
Но, за оваа идеја да добие можност да стане реалност, потребна им е и нашата поддршка!
Затоа, да ги поддржиме прилепските средношколци со глас! Секој глас е важен и претставува чекор поблиску до остварување на нивната замисла.
🗳️ Гласајте за BioPrint на следниот линк:
https://milioner.mk/vote/3a101046-c12d-4386-b219-fb78cb36cfa5
Да покажеме дека стоиме зад младите, нивните идеи и нивната желба да создаваат промени. Нека се слушне гласот за прилепската младост!
🌱 BioPrint – Принтај со мастило од отпад, создавај иднина без отпад!

























