Илија Спасески, кој го нападна секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”, Христијан Пендиков, останува во притвор од 30 дена, одлучи судот во Охрид на барање на обвинителството.
24-годишниот маж е обвинет за предизвикување на тешка телесна повреда. Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Постапката се уште е во тек и за другите двајца кои биле присутни на инцидентот. Делегацијата на ЕК во Скопје и побара надлежните да го истражат случајот.
Илија Спасески, кој му зададе низа брутални удари во грбот на Пендиков, е професионален натпреварувач во џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид. Спасески учествуваше на професионални натпревари и од нив освои бројни награди.
Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, со авион на бугарската влада „Фалкон“ бил пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија. Тој е на интензивна нега на Медицинската академија во Софија и ќе биде опериран во понеделник.