На 19.11.2026 во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје, во организација на друштвото на физичари, се одржа XLVIII Школа „Млади физичари“, на која беше натпреварот во областа на експериментална физика.
Покрај натпреварот, се одржаа и предавања од различни области од физиката, a oд Гимназијата “Мирче Ацев” учествуваа осум ученици, заедно со професорките по физика.
Под менторство на професорките: Марина Попоска, Соња Димовскаи Ивана Златевска – Кедиоска, со иновативни експерименти од областа на физиката и изработени, оригинални поставки за експериментите, учениците зедоа учество на натпреварот и постигнаа одлични резултати:
-Мила Вршкоска освои II награда, ментор проф.Марина Попоска
-Сара Тошеска освои II награда, ментор проф.Соња Димовска
-Ена Беличанец освои III награда, ментор проф.Соња Димовска
-Јана Николоска и Матеј Оџаклиески I-4, Марко Кузески и Христина Николоска II-6 и Андреј Вршкоски IV-7, имаа успешно учество.






























