Одличен прес на Александар Николовски. Прилеп ќе го награди ова

– Клучиниот проект по формирањето на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поврзувањето на Велес-Градско-Прилеп-Битола се до грчката граница, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и носител во 4ИЕ.

– Денес ќе имаме и средба со културните работници во Прилеп, а тоа е многу важно за мене, бидејќи тука ќе изградиме нов објект за театарот. Прилеп има навистина квалитетен театар, добра публика и прилепчани заслужуваат да имаат современ објект.

Во старата прилепска чаршија дуќаните зјаат празни поради економската ситуација, потребна е целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа.

На првата седница на новата влада формирана од ВМРО-ДПМНЕ ќе се изгласа закон со кој ќе се забрани увезување на тутун, додека целосно не се откупи домашниот, изјави Николоски.

Тој повторно праша: “Како е можно директорот на Тутунски комбинат да зема 3.500 евра нето плата во моменти кога тутунарите маки мачат за да преживеат. За тоа мора да има одговорност, пред се морална, а ако има основ и за kpивична”.

Николоски повторно го повика Зоран Заев на ТВ дуел, за да ги соочат аргументите и програмите, за граѓаните подобро да одлучат дали сакаат реизбор или сакаат промени во државата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.