Огромен број верници синоќа во прилепско Бонче го празнуваа празникот Св. Јован Богослов: Прекрасна глетка и уште поубава атмосфера (Фото/Видео)

Селотo Бонче се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово и припаѓа на Пелагонискиот регион. Селото се наоѓа распослано помегу Селечка Планина од југозапад и Дрен планина од североисток. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри. Од градот Прилеп Бонче е оддалечено 25км.

Во селото се наоѓа манастирoт посветен на Св. Јован Богослов, кој во последно време заживува и ги привлекува верниците од сите страни.

Синоќа во пресрет на празникот Св. Јован Богослов, во манастирот беа присутни стотици верници кои со песна и оро празнуваа и се веселеа.

За музиката се погрижи естрадниот пејач Спасен Сиљановски кој направи сите присутни да бидат расположени и во еден глас да пеат со него.

Во продолжение дел од атмосферата синоќа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.