“Оглас во централен регистар Прилеп за 2 места: Дали е за некои партиски војници предреферендумски?”

Централниот регистар на Република Македонија објави оглас за вработување на 34 лица, од кои две за РЕГИОНАЛНАТА РЕГИСТРАЦИОНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПРИЛЕП.

Отворени се места за еден референт и еден советник.

За работното место Советник освновната плата изнесува 35,978 денари, а за референт 23,991 денар.

Огласите се објавени на 09.08.2018, а се активни до 12.08.2018 година.

Според огласот објавен на Агенцијата за вработување, за работното место Референт потребно е средно гимназиско образование, додека за Советник се бара високо образование од областа на економските науки.